
Македонија со три измени во составот оди по три бода во Астана! (ФОТО)
Во однос на претходниот натпревар против Белгија, Милевски кој во овој натпревар не на на клупата направи три измени. Бојан Илиевски не беше во комбинација за овој натпревар, па него ќе го замени Стефан Деспотовски за кого ова е деби во националниот дрес.
Во средниот ред на местото на Андреј Стојчевски, сега ќе започне Чурлинов, а причина е промената на формацијата и желбата да сме повеќе офанзивни денеска. Токму поради тоа и Трајковски доби предност во однос на Јани Атанасов.