
Македонија од последниот шешир ќе биде влечена во ЛН - ќе имаме силна група!
Познати се шеширите за ждрепката за новата сезона од Лигата на нации, таа ќе биде влечена на почетокот од 2026 година.
Македонија ќе игра во Лига Б, а на ждрепката ќе бидеме извлечени од последниот шешир во кој се уште и Шведска, Северна Ирска и Косово. Овие три селекции нема да можеме да ги добиеме.
Од првиот шешир може да ни се паднат Шкотска, Унгарија, Полска или Израел. Во вториот се Швајцарија, БиХ, Австрија и Украина, а во третиот се Словенија, Грузија, Ирска и Романија.
Од ова може да се види дека во новата сезона од Лигата на нации Македонија ќе нема лесни противници.
Исто како минатата сезона од Лигата на нации, и од наредната ќе може да се дојде до место на големото натпреварување, во овој случај тоа ќе биде Европското првенство 2028. Победниците од сите групи ќе може да се надеваат на место во баражите доколку не изборат директно учество или бараж преку квалификациите.