
Синер барем признава: Играм во Ријад поради парите
Освојувачот на титулата ќе заработи шест милиони, сума која 95% од населението во светот може само да ја сонува за цел свој живот. Некои од учесниците се обидуват да се одбранат и велат дека парите не им се во преден план, но Синер не е таков, тој искрено си кажува зошто е дојден.
„Сите не движи страста кон тенисот, но би излажал кога би рекол дека овде парите не се мотив. Сите знаеме колку пари се во игра на овој турнир“, изјави Синер.
Дека и на другите им е дојдено само да парите, најдобар доказ е тоа што Алкараз не настапи во Шангај, наводно за да се одмори, но не пропушти да допатува во Ријад каде утре ќе се бори за титулата, токму против Синер. Истото важи и за Ѓоковиќ кој максимално го редуцира распоредот во текот на сезоната, ама парите во Ријад не се пропуштаат.