Во Барса се загрижени за приватниот живот на Јамал, Деко ургирал да не биде казнет

Ламин Јамал останува еден од најдобрите фудблери во светот, но неговото однесување и бурниот приватен живот му создаваат проблеми и нему и на Барселона,

Во клубот се загрижени од она што го прави последните месеци, почнувајќи од крајот на минатата сезона, бурниот живот се одразува и на неговата форма, па од почетокот на оваа натпреварувачка кампања веќе два пати беше повреден. Дури и менаџерот Жерге Мендес пред неколку дена имал трочасовен состанок со него за да му укаже на сите проблеми кои ги предизвикува.

Каталонските медиуми тврдат дека однесувањето на Јамал прави неволји и во соблекувалната на Барселона поради што дошло до конфликт меѓу тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко.

Наводно, 18-годишниот крилен играч задоцнил на тренинг пред натпреварот со ПСЖ за што е предвидена казна со неиграње во стартната постава, но Деко ургирал кај тренерот да направи исклучок. Германскиот стручњак не се согласил со тоа бидејќи претходно казни поради такви работи добија Кунде, Рафиња, Пења и Рашфорд, но на крајот прифатил и Јамал играше од почетокот против ПСЖ.