
Александер Арнолд ќе го пропушти Ел Класико, но ќе биде подготвен за Енфилд
Англичанецот се повреди на натпреварот против Марсеј во септември и имаше сериозни сомнежи дека ќе биде подготвен за големиот судир со својот матичен клуб. Пред два дена, тој и Даниел Карвахал учествуваа на тренингот на Реал Мадрид и веќе се гледа крајот на нивната голгота. Враќањето на терените нема да се случи многу брзо, но според „Тајмс“, реалниот план е Англичанецот да биде подготвен токму на време за натпреварот на Енфилд на 4 ноември.
Од денешен аспект, сепак, речиси не постојат шанси тој да биде во конкуренција за настап за „Ел Класико“ кое се игра на 26 октомври.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал се очекува со голем интерес не само поради амбициите на двата тима во Лигата на шампионите, туку и поради желбата да се види како навивачите на англискиот првак ќе го пречекаат својот поранешен миленик. Публиката на Енфилд го исвирка Александар-Арнолд на натпреварот против Арсенал во мај откако тој ја објави својата одлука да го напушти клубот каде што ја помина целата своја кариера до тој момент.