
Ѓоковиќ за една минута во Ријад заработи колку просечен Македонец за – три години!
Богатите шеици повторно ја демонстрираа својата финансиска моќ, па буквално се расфрлаа со пари на егзибицискиот спектакл во Ријад, каде што во финалето ќе се сретнат Карлос Алкараз и Јаник Синер. Двајцата лесно ги совладаа своите противници во полуфиналето и тоа Шпанецот го победи Тејлор Фриц (6-4, 6-2), додека Италијанецот го елиминираше Новак Ѓоковиќ со ист резултат.
Секој од шестмината учесници доби 1,5 милиони долари, додека победникот ќе инкасира уште 4,5 милиони, што значи дека вкупната заработка може да достигне и 6 милиони долари — повеќе дури и од наградите на најголемите гренслем-турнири. Ѓоковиќ одигра само еден меч, во кој освои шест гема и така заработи околу 250.000 долари по гејм, односно околу 22.000 евра за секоја минута на терен.