
Барселона доби дозвола да се врати на Камп Ноу, ама останува на Монжуик
Сепак, тоа нема да се случи и најмалку уште еден месец каталонскиот клуб ќе ги игра своите натпревари како домаќин на Олимпискиот стадион Монжуик. Причина за тоа е што дозволата за играње на Камп Ноу е 1А, а таа поздрабира одржување натпревари со најмногу 27 илјади посетители.
Во клубот сметаат дека немаат никаков ќар да се вратат со толку мала бројка и затоа ќе чекаат да добијат дозвола 1Б со која на својот стадион да примат 45 илјади гледачи. Ова значи дека следните три натпревари Барса ќе ги игра на Монжуик и таму ќе ги пречека Жирона, Олимпијакос и Елче.
Со оглед на тоа што потоа претстои репрезентативна пауза, следниот натпревар како домаќин Барселона го игра дури на 23 ноември, против Атлетик Билбао.