
На „бјанконерите“ не им доаѓа памет: Јувентус пак фатен во измама
Торинскиот клуб добил потврда од Европската фудбалска унија дека против него се води постапка, но до моментов во јавноста не е изнесено за што точно се работи. Истрагата се води на тригодишно ниво и казната ќе се знае напролет со тоа што не е исклучено Јувентус да добие забрана за трансфер пред сезоната 2026/27. Друга опција е да помине со финансиска казна што повеќе би му одговарало на клубот.
Од Јувентус тврдат дека во 2024 и 2025 година се е според прописите и дека водат сметка за финансиите, но ако е така, најверојатно прекршоците се направени претходно.