
Рашфорд: Трансферот во Барса ме освежи, Англија ќе ја види - најдобрата верзија од мене!
Англичанецот го истакна задоволството од трансферот во Барселона за кој вели дека му дал нова енергија.
„Трансферот во Барселона ме освежи. На добро место сум, но знам дека не сум го достигнал целосниот потенцијал. По тешката сезона, ми беше потребен рестарт за повторно да ја најдам најдобрата верзија од себе“, вели Рашфорд.
„Доаѓањето во Барса ми даде нова енергија, нов стил и нова земја за истражување. Чувствувам дека тимот перфектно ми одговара и можам да им помогнам многу. Ова е голем чекор и оптимист сум за иднината“.
„Верувам дека Англија ќе ја види најдобрата верзија од мене сега по доаѓањето во Барса. Се уште е рано, но кога ќе го достигнам целосниот потенцијал, ќе бидам најдобрата верзија од мене“.