Македонија ја надигра Грузија: Убедлив триумф на младите фудбалерки!

Македонската женска репрезентација до 19 години триумфира против Грузија со убедливи 3-0 во првото коло од квалификацискиот турнир, рунда 1 во групата Б5 за Европското првенство (ЕП).

Емили Митковска беше стрелец на првиот гол за Македонија во 32. минута, додека на стартот на вториот дел Меланија Грозданова зголеми на 2-0.

Избраничките на Кирил Изов ги поставија конечните 3-0 во финишот од средбата, односно во 82. минута кога Калина Попоески се запиша во листата на стрелци.

Во вториот меч од групата, Словенија славеше со 2-0 против Азербејџан, а следен ривал на Македонките ќе биде токму Азербејџан на 28 ноември од 12 часот во Струмица.