Македонија до 19 години загуби на првата „контролка“ против Луксембург

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби во првиот пријателски меч против Луксембург со 0-1.

Натпреварот беше решен со само еден погодок, кој беше постигнат во 75. минута од Да Силва за радост на Луксембург.

Младите фудбалери продолжуваат со подготовките, а утре ги чека нова пресметка со Луксембург.