
Кој сака да купи влезница од билетарницата на Арената, ќе треба да подрани!
Овој меч носи посебна тежина, не само поради спортскиот дел, туку и поради хуманитарниот аспект – целиот приход од продадените билети ќе биде дониран за погодените од огромната несреќа која се случи во Кочани.
Веќе се продадени околу 20.000 билети, па се очекува арената да биде речиси исполнета.
Покрај онлајн продажбата на влезниците, од ФФМ стигна информација дека денеска билети ќе можат да се купат и од билетарницата која се наоѓа на Националната арена „Тодор Проески“.
Оние кои преферираат така да дојдат до билет ќе мора да подранат бидејќи таа ќе биде отворена само до 18 часот.
Натпреварот меѓу Македонија и Велс почнува од 20:45 часот.