Јуниорките убедливо загубија во БиХ – македонските „надежи“ добија седумка во Зенива

Младата македонска женска фудбалска репрезентација до 19 години доби седумка во Зеница, откако загуби во контролниот меч од врсничките со 0-7 од Босна и Херцеговина во тест мечот кој се одигра попладнево.

Надежните македонски фудбалерки за попловина час примија четири гола, а првпат дури во 40-та минута шутнаа од голот и тоа од прекин од слободен удар. Алма Крајниќ во 10-та, Наида Харачиќ во 18-та, Маја Јелиќ во 23-та и Марија Ана Милинковиќ во 30-та погодија во првиот дел за практично Босанките да ја обезбедат победата.

Во вториот дел домаќинките додадоа уште три, а тргна со автогол на Викторија Недева во 58-та минута, Софија Крајшумовиќ во 67-та погоди шестипат, а истата фудбалерка во 75-та го постигна и седмиот гол за убедливата победа