Грилиш влезе во конфликт со Димитриевски, па „под казна“ - ВАР му поништи гол (ВИДЕО)
Делителите на правдата не ни помислија да ја разгледуваат оваа можност, а нашиот чувар на мрежата му порача на ѕвездата на „граѓаните“ да не галами многу туку да продолжи да игра.
Само неколку минути подоцна, Грилиш постигна погодок, но тој како „под казна“ му беше поништен поради офсајд и тоа по долго разгледување на ситуацијата во ВАР собата. Но, набрзо потоа, Хари Кејн влезе во игра и веќе во првиот напад и со првиот контакт постигна гол, кој повеќе личеше на автогол на Јани Атанасов, од чие тело се одби топката кон мрежата.