Германија и Хрватска на чекор до пласман на ЕП

Репрезентациите на Германија и Хрватска се на чекор до пласман на Европското првенство наредната година.

Германската машинерија и покрај црвениот картон на Емре Џан уште во раната фаза од натпреварот, сепак дојде до трите бода на гостувањето кај Естонија. Откако Естонците успеаја да го издржат притисокот во првото полувреме, избраниците на Јоаким Лев притиснаа во просдолжение од мечот и со погодоците на Ѓундоган (два) и Вернер дојдоа до убедлива победа (0-3) со која се на делба на првата позиција во групата Ц со селекцијата на Холандија со по 15 бода.

За разлика од нив, Хрватска остана непоразена на гостувањето кај Велс (1-1) и со тоа направи крупен чекор на патот кон ЕП. „Коцкестите“ поведоа со голот на Власиќ уште во 9. минута, додека израмни Герет Бејл во судиското продолжениот од првиот дел.