Фудбалерките пак останаа со празни раце – лесно загубија и од Косово (ФОТО)
Овој неуспех веќе значи и збогување со барем и теоретските шанси за освојување едно од првите две места во групата, кои носат во повисок ранг од ова натпреварување, со оглед што остануваме последни без ниту еден бод додека Косовките и селекцијата на Бугарија имаат по четири бода. Победникот на денешната пресметка на теренот на комплексот „Петар Милошевски“ беше решен уште во првото полувреме, во кое Лимани го отвори резултатот во 20. минута, додека Халилај го постави конечниот резултат во 41. минута.
Македонија на оваа средба играше без најдобрата фудбалерка во моментов, Наташа Андонова. Жолто-црвените следниот меч од Лигата на нации ќе го одиграат во вторник и тоа против истиот ривал, овој пат на теренот на противникот.