Фудбалерите и покрај големата тага продолжуваат со тренинзи (ФОТО)

Нема човек во Македонија, а и пошироко кој не го погоди ужасната трагедија во Кочани, исто е и со фудбалерите, но избраниците на Благоја Милевски мора професионално да си ги одработат обврските.

Подготовките за Лихтенштајн и Велс кои почнаа вчера, продолжија денеска по претходно утврдениот распоред. Македонските фудбалери го одржаа денешниот тренинг во атмосфера каква што е во целата држава.

Македонија во сабота од 15 часот му гостува на Лихтенштајн, а три дена подоцна го пречекуваме Велс.