
ФФМ ги одреди цените за мечот со Велс - од 300 до 900 денари!
Помеѓу другото одредена е и цената за влезниците на натпреварот помеѓу Македонија и Велс во рамките од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Цените на билетите ќе бидат 300 денари (источна и западна трибина) и 400 денари (јужна и северна трибина). Ќе се продаваат и ВИП билети по цена од 900 денари.
Исто така е одредено дека на натпреварите во женска конкуренција до 21 година против Косово (21 март) и до 19 години против Босна и Херцеговина (23 и 25 март) влезот да биде бесплатен.
Останатите донесени одлуки може да ги прочитата на сајтот на ФФМ.