
Елмас пред уште еден голем трансфер во кариерата – во „Вечниот град“!
Тој се уште е фудбалер на Лајпциг, но само прашање е на време кога официјално ќе ја прекине соработката со бундеслигашот, каде што повеќе не сметаат на него. Според италијанските медиуими, Елмас бил понуден на составот од „Вечниот град“, каде што предлогот бил прифатен со голем интерес.
„Опремен со добра техника и око за гол, тој би можел да биде валидна алтернатива на Суле од левата страна или да игра како офанзивен играч за врска во системот на Гасперини“, пишуваат Италијанците.
Елмас ја заврши минатата сезона како позајмен играч во Торино со четири гола на 13 настапи, но неговото најзначајно влијание во Серија А го имаше за време на престојот во Наполи, каде што запиша 143 настапи.