Додека постарите таленти губат, помладите - газат!

Македонските фудбалски репрезентации до 21 година и до 19 години играат натпревари во ист термин од 13 часот, но со различен успех.

По само 45 минути фудбалерите до 21 година губат на на „Филип Втори“ од Австрија со убедливи 3-0 во рамки на евроквалификациите. За разлика од нив, селекцијата до 19 години му дели лекции на Лихтенштајн на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и по првото полувреме води со 3-0. Головите за момците на Вујадин Станојковиќ ги постигнаа Дарко Чурлинов, Бојан Колевски и Димитар Митровски.

Репрезентацијата до 19 години веќе обезбеди пласман во елитните квалификации откако ги совлада Швајцарија и Белгија, а овој дуел со Лихтенштајн е само формалност, но очигледно нашите фудбалери сакаат во голем стил да го завршат турнирот во Скопје.

За избраниците на Благоја Милевски очигледно ова ќе бидат тешки квалификации, бидејќи квалитетот на тимот е далеку зад оној на претходната генерација која обезбеди пласман на Европското првенство во Полска минатото лето. Се надѕира нов трет пораз по ред со што шансите за повторување на успехот од изминатото лето веќе нема да постојат.

Видео: gol.mk