Продолжува катастрофата на „Филип Втори“: Австрија поведе со 4-0! (ВИДЕО)

Македонија губи со 0-4 од Австрија во рамки на четвртиот натпревар од квалификациите за младинското Европско првенство во Италија 2019 година.

По голот на Јакуповиќ, сега мрежата на Македонија ја затресе и Матијас Хонсак во 26-тата минута. Момците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат пред пораз, што би бил трет по ред во евроквалификациите. Третиот гол го постигна Лајмер во 36. минута. Во второто полувреме гостите продолжија со ист ритам, па со вториот погодок на Јакуповиќ поведоа со 4-0