Димитриевски: Арапите ми нудеа 20 милиони евра, за милиметар не потпишав за Барса (ВИДЕО)
Тој потврди дека пред неколку сезони бил многу блиску до потпис со каталонскиот гигант, но трансферот пропаднал во последен момент.
„Сè беше договорено, но Нето не си замина и трансферот не се реализира“, откри тој.
Во исто време, на неговата адреса пристигнала и финансиски атрактивна понуда од клуб од Саудиска Арабија.
„Сумата што ми ја понудија беше меѓу 10 и 20 милиони евра за три години. Но сметав дека не е моментот за преселба на Блискиот Исток, сакав да продолжам да се натпреварувам во Примера и да останам на највисоко ниво. Верувам дека имам уште четири-пет силни сезони пред себе“, рече Димитриевски, дополнувајќи дека не ја исклучува можноста во иднина да се пресели во саудиското првенство, кога ќе почувствува дека е вистинско време.
Голманот се осврна и на статусот во Валенсија, клуб во кој и натаму е втор избор зад Мамардашвили.
„Кога дојдов, планот беше јас да бидам прва опција по неговата продажба. Но клубот го смени курсот – Мамардашвили остана, а јас чекам шанса. Не се согласувам со одлуката на тренерот, но ја почитувам. Немам пад на мотивација“, изјави тој.
Димитриевски откри дека ова лето имал конкретни понуди од клубови од Ла Лига, Серија А, Турција и Блискиот Исток, но Валенсија поставувала висока отштета која ги блокирала трансферите. Македонскиот голман пред актуелниот репрезентативен собир, по пауза од осум и пол месеци, конечно застана меѓу стативите на Валенсија, бранејќи на натпреварот од Копа дел Реј.
ФОТО: EPA PHOTO