Божовиќ ги избра футсалците за мундијалските претквалификации во Скопје

Македонската футсал репрезентација идната недела ја очекуваат дуелите во претквалификациската група за пласман на СП 2020, која ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“ од 24 до 27 октомври.

Селекторот на македонските футсалци Иван Божовиќ го објави денеска списокот на репрезентативци на кои ќе смета за пресметите со првиот фаворит во групата Украина, потоа Словенија и Косово.

Првиот меч на програмата е против Словенија в четврток од 20 часот, а ден подоцна играме со Косово од 17.30 часот, додека последниот дуел е против фаворизираната Украина на 27 октомври од 20 часот.

СОСТАВ
ГОЛМАНИ
: Антонио Петровски (Проект), Иван Стојановски (Велес), Шефки Бериша (Шкупи);
ОДБРАНА: Зоран Левески (Шкупи), Ферид Агуши (Шкупи);
НАПАД: Иван Крстевски (Врање, Србија), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Даниел Де Соуса (Мостар, БиХ), Садат Зибери (Италпол, Италија), Јакуп Рамадан (Нови Пазар, Србија), Драган Петровиќ (Шкупи), Адријан Мицевски (Сквер Дубровник, Хрватска), Џо Арсовски (АБНА Чека, Либан), Сулејман Реџеп (Шкупи), Александар Глигоров (Шкупи), Исмет Чека (Шкупи), Еркан Сефери (Шкупи);