Белгиецот целосно одлепи: Мертенс го покажа задникот додека соиграчите се фотографираа (ФОТО)

Репрезентацијата на Белгија се подготвува за продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Црвените ѓаволи во наредните денови играат против Сан Марино и Казахстан и јасно е дека нешто освен победата на Белгија на овие натпревари би било голема сензација.

Белгијците веќе имаат одработено три тренинзи, а играчите тренираат во одлична атмосфера. Но, мала „дамка“ му е препишана на Дрис Мертенс поради неговата шега на „Твитер“.

Поточно, Белгијците објавија фотографија од тренинзите на кои се најдоа повеќето играчи, а дури подоцна сфатија што шега направил Мертенс.

Тој стоеше до крај во позадина и го покажа задникот, кој очигледно многумина не го видоа кога ја објавија фотографијата. Но, кога фотографијата беше објавена, со брзина на светлината стана хит на социјалните мрежи, а Мертенс ја сподели и на неговиот Твитер - профил.

Јас и победничкиот тим, напиша кусо на фотографијата.