Барди за мајсторскиот гол: Видов дека никој не е легнат, а намирисав дека ќе скокнат!
Тој по средбата се обиде да објасни како решил да шутне по земја, под живиот ѕид на противникот, со што успеа да ги надмудри и противничките играчи и нивниот голман.
„Среќен сум што победивме и што дојдовме до трите бода. Задоволен сум што постигнав гол, но најважно е што тимот да победува. Изминатиот период имав проблеми со прекините и напорно работев да се подобрам во тој дел. Пред да го изведам слободниот удар видов дека нема никој легнат позади живиот ѕид, а знаев дека играчите во него ќе скокнат. Затоа реков дека ќе се обидам и на голема радост ја затресов мрежата“, изјави Барди.
Голот на Барди се најде во конкуренција за најдобар погодок на колото во Лига Европа.