Барди може да им се приклучи на Пандев, Елмас и Несторовски во Серија А

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е близу да ја промени средината и да го напушти Леванте по четири сезони. Еден од најзаинтересираните клубови за фудбалерот од средниот ред е Торино. 

Според италијанските медиуми, калчолигашот верува дека Барди може да биде идеално засилување за клубот. Неговата моментална цена на трансфер-пазарот е 15 милиони евра.

Барди има опција да го продолжи договорот со Леванте на уште две години, но според медиумите тој сака нов предизвик во кариерата. Ако се пресели во Серија А, тогаш ќе им се приклучи на Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), како и Горан Пандев, кој се очекува наскоро да потпише нов едногодишен договор со Џенова.