Арената зјае празна како од најцрните години на А-репрезентацијата (ФОТО)
Нешто од 2.000 гледачи дојдоа на најголемиот наш стадион за да ѝ дадат поддршка на македонската селекција, па сликите од празната Арена потсетија на најмрачните денови во историјата, кога националниот тим беше катастрофален, па речиси никој не доаѓаше да ја гледа македонската репрезентација.
Македонија во екот на своите најголеми успеси не успеа да го наполни стадионот, а и по 11 години од изградбата ниту еднаш до последно место не се наполни на мечеви на А-тимот или на клупските натпревари, пред сѐ на вардаровите средби.