Алиоски: Македонија заслужи победа, не очекував Албанија да е толку слаба!

Езџан Алиоски беше најдобриот македонски фудбалер синоќа во Струмица, но за жал не успеа да постигне гол иако имаше неколку атрактивни обиди.

Албанскиот голман Бериша брнеше во голема форма, ги запред ударите на напаѓачот на Лидс, кој многу поопасен беше кога почна да игра по десната страна од теренот.

„Имавме многу шанси, јас самиот имав одлични обиди, но гостинскиот голман беше одличен. Македонија заслужи победа, но тоа е фудбалот. Јас не очекував толку слаба Албанија, зашто знам дека тие имаат одличен тим. Како да беа цело време во грч, па затоа ми е уште повеќе криво за пропуштената шанса за победа. Мене секогаш ми е тешко да играм против Албанија, но јас сум спортист, политиката не ме интересира. Имам многу пријатели кои настапуваат за Албанија и секогаш е забавно да играш против нив“, рече Алиоски.