
Агон Елези е 11-ти дебитант за Македонија откако Милевски е селектор
Елези денеска доби шанса во последните шест минути и го замени Енис Барди во поразот со Грузија, па се придружи на цел еден тим дебитанти кои од Милевски добија шанса, откако актуелниот селектор во август лани седна на клупата и го наследи Игор Ангеловски на кормилото, кој по пет ипол години си замина после Еуро 2020.
Пред Елези, под палката на Милевски дебија запишаа Ердал Ракип и Бојан Миовски, па Јани Атанасов во мундијалските квалификации, а потоа Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Доријан Бабунски, Енис Фазлагиќ, Валон Етеми, Бојан Димовски и Томче Гроздановски.