Зјелински погоди во 90. минута, победа на Интер со мирис на титула (ВИДЕО)

Екипата на Интер ја оствари шестата победа по ред во Серија А откако вечерва на домашен терен славеше во големото дерби против Јувентус со 3-2.

Возбудливиот натпревар беше решен во 90. минута кога полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински со прекрасен удар го совлада Ди Грегорио и стави крај на надежите на „бјанконерите“ дека можат да извлечат бод. Сепак, Јувентус заслужува честитки бидејќи цело второ полувреме играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Калулу.

Во првите 45 минути, во центарот на вниманието беше Камбијазо кој беше стрелец на два гола, еден во сопствената, еден во мрежата на Интер. Во вториот дел Еспоито по вторпат го доведе Интер во водство, но Локатели во 83. минута израмни на 2-2. Се чинеше дека двете екипи ќе освојат по еден бод, но потоа дојде бомбата на Зјелински за победа на Интер.

„Нераѕурите“ сега имаат дури осум бода повеќе во однос на Милан кој својот меч со Комо ќе го игра в среда.