Навивачите ќе збеснат: Зидан донесе одлука по испадот на Бејл (ФОТО)

Герет Бејл синоќа го испровоцира навивачите на Реал Мадрид, откако по победата на Велс славеше со знаме на кое пишуваше „Велс-голф-Мадрид, по тој редослед“.

Навивачите тоа го разбраа како провокација, па побараа казна за фудбалерот, но тренерот на Реал Мадрид донесе чудна одлука.

Францускиот тренер реши да не одговара на провокациите на Бејл и не сака да прави никакви поделби во екипата, зашто знае дека и така не е најдобра атмосферата во клубот.

Сепак, Бејл сигурно нема да биде пречекан во Мадрид на добар начин и сигурно го очекуваат свирежи од трибините.