Жута со специјална порака: Им благодарам на сите луѓе во Риека!

Како што денеска беше објавено, Леонард Жута ќе му биде соиграч на Адис Јаховиќ во Коњаспор, каде што ќе се обидат да постигнат големи успеси.

Македонскиот интернационалец имаше специјална порака до луѓето од хрватскиот тим Риека, од каде се пресели во турски Коњаспор.

„Прво сакам да им се заблагодарам на сите фанови на Риека и на моите соиграчи, со кои постигнавме многу успеси. Исто така, сакам да им се заблагодарам на луѓето во клубот, без кои немаше да биде возможен успехот. И на крај би кажал благодарам на тренерите, спортските директори и претседателот Дамир Мишковиќ, кој ми даде шанса да играм во Риека дури три ипол години. Им посакувам сè најдобро и се надевам дека ќе сретнам некој од вас во иднина. Со почит, Жута“, напиша новиот фудбалер на Коњаспор.