Жозе Мурињо доби отказ: Тотнем бара нов менаџер

Жозе Мурињо повеќе не е менаџер на Тотнем, откако клубот реши да му врачи отказ по очајните резултати оваа сезона. 

Тренерите на првиот тим Рајан Мејсон и Крис Пауел ќе го водат клубот до крајот на оваа сезона, а на лето Спарс ќе назначат нов менаџер. Тотнем моментално е на седмата позиција на табелата во Премиерлигата со 50 бодови, а во Лигата на Европа испадна во осминафиналето од Динамо Загреб.

Португалецот го презема тимот во ноември 2019 година откако беше отпуштен Маурисио Покетино. Претходно „специјалните“ заработи отказ и од Манчестер јунајтед во 2018 година, тим што го водеше нешто повеќе од две сезони.