Заврши сезоната за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли

Алесио Ромањоли синоќа мораше предвреме да го заврши натпреварот помеѓу Сасуоло и Милан, што се одигра во рамки на Серија А.

Капитенот на „росонерите“ заработи повреда по половина час игра, а тренерот Стефано Пиоло призна дека ситуацијата не изгледа добро.

„Ромањоли заработи повреда на мускулот на ногата, што речиси сигурно значи и крај на сеозната за него“, изјави тренерот на Милан. „Навистина ми е жал за ова, бидејќи ние игравме добро, а Алесио ги одигра буквално сите минути сезонава со голем квалитет“, додаде Пиоли.

Андреа Конти исто така се повреди во првото полувреме, а проблем за Милан е фактот што суспензија за следниот натпревар заработи и левиот бек Тео Ернандез. Тоа значи дека „росонерите“ ќе бидат значително ослабени за дербито против Аталанта викендов на „Сан Сиро“.