Засилувањето на Јувентус од 50 милиони повторно се повреди, веќе пропушти 15 натпревари

Бразилскиот фудбалер од средниот ред Даглас Луиз веќе пропушти 15 натпревари на Јувентус сезонава поради повреда, а сега повторно ќе отсуствува од терените.

Луис пристигна минатото лето во редовите на „старата дама“ од Астон Вила за сума од 50 милиони евра и се очекуваше да биде големо засилување, сепак веќе премногу отсуствува, а и кога е на теренот не игра на потребното ниво.

И пред да дојдат повредите Луиз во првите осум кола имаше само два настапи од првата минута. Проблемите започнаа во oктомври кога пропушти десет натпревари поради проблеми со мускулот.

Се врати на 14 декември , но пораше да одмора на следниот натпревар против Монца поради уште една повреда на мускулот. Минатиот викенд настапи како замена против Каљари, но беше заменет по само 20 минути.

Јувентус потвди дека претрпе повреда на леввата нога и информациите се дека ќе биде надвор од терените до репрезентативната пауза во март.