Започна „војна“ на социјалните мрежи: Тоа што за Реал е пенал, за Билбао не е! (ВИДЕО)

ВАР-технологијата повторно е во центарот на вниманието во шпанската Ла Лига. На натпреварот Атлетик Билбао-Реал Мадрид, гостите со гол од сомнителен пенал дојдоа до нова победа, откако Гарсија го нагази на нога Марсело.

Но, истата ситуација беше видена и во казнениот простор на Кралевите, откако Рамос, кој го изведе пеналот за Реал, претходно го нагази домашниот фудбалер во својот шеснаесетник, но судијата не се огласи.

Токму поради ова започна „војна“ на социјалните мрежи, каде што многумина се прашуваа како е можно ова да не е пенал за Вилбао.