Занети доби повик од Ањели: Се распрашувал за Икарди!

Мауро Икарди како еден од најдобрите голгетери во светот веќе подолго време е на листата на желби на Јувентус, а неговите проблеми во Интер сега само ги разгори шпекупациите. 

Италијанските медиуми веќе пишуваат дека првиот човек на „Старата дама“, Андреа Ањели имал информативен разговор со потпретседателот на Интер, Хавиер Занети. Двајцата зборувале за Мауро Икарди, кој од пред два дена повеќе не е капитен на „нераѕурите“.

Тој подолго време е во преговори со клубот за продолжување на соработката, но работите не се движеа во позитивна насока. Поради тоа Икарди во летниот преоден рок сигурно си заминува од „Џузепе Меаца“. Очекувано е што Јувентус е првиот што покажува интерес за неговите услуги. 

Икарди не би имал проблем да игра за најголемиот ривал на Интер, доколку му ги исполни барањата, а тоа се 10 милиони евра плата. Јувентус очигледно има пари за расфрлање, бидејќи потпиша со Арон Ремзи четиригодишен договор вреден 24 милиони евра по сезона. 10 милиони евра годишно не се проблем за голгетер од калибарот на Икарди, кој би формирал пеколно напаѓачко трио со Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.

Интер сигурно ќе сака „дебело“ обештетување, кое би изнесувало од 90 до 120 милиони евра.