За прв пат во историјата: Атлетико има поскап тим од Реал

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне често пред дуелите со Реал Мадрид или Барселона сакаше да потенцира дека неговиот тим не може да се мери со овие два гиганти и според буџетот и според вредноста на фудбалерите. 

Но работите очигледно полека се менуваат, бидејќи Атлетико Мадрид моментално има повреден тим од својот градски ривал Реал Мадрид и тоа за прв пат во историјата. Според истражувањето на „Марка“, која во обзир има земено неколку економски фактори, фудбалерите на „атлети“ моментално на берзата вредат 858 милиони евра, додека „кралевите“ вредат 775 милиони евра. Просечната вредност на еден фудбалер на Атлетико е 39 милиони, додека на Реал 35,3 милиони евра.

Оваа промена во бројките најверојатно се должи на заминувањето на Кристијано Роналдо од тимот, чија вредност изнесуваше околу 120 милиони евра. Реал летово не донесе екстра скапа ѕвезда или нов „галактико“, а Атлетико купи скап фудбалер од типот на Тома Лемар. Единствениот трансфер летово на Реал Мадрид е голманот Тибо Куртоа.