„За десетина години никој нема да се сеќава на Шаќири, тој не е шампион со Ливерпул“

Сериозни обвинувања од Швајцарија пристигнаа на сметка на Џердан Шаќири. Имено, тренерот Арно Росини смета дека играчот на Ливерпул ќе биде заборавен од сите за десет години и вели дека тој не е шампион со овој клуб.

Швајцарецот со албански корени освои уште една титула во својата кариера, откако оваа година со Ливерпул стана шампион на Англија. Сепак, бидејќи тој забележа само шест натпревари сезонава, многумина сметаат дека Шаќири немал никаков придонес во походот кон титулата, а еден од оние што го омаловажуваат е и Росини.

Џердан не е шампион. За десетина години никој нема да се сеќава на него, дека тој станал шампион со Ливерпул, изјави 61-годишниот тренер за Тио, додавајќи: „Дефинитивно можеме да кажеме дека тој не остави белег на тимовите со кои освои титули. Тој беше главен јунак во Базел, но сигурно не и во Баерн или Ливерпул“.