Вулверхемптон има зошто да жали, Патрисио му подари бод на Њукасл (ВИДЕО)

Вулверхемптон одигра 1-1 против Њукасл во рамки на Премиерлигата. Домаќинот беше фаворит, но не ја оправда улогата на крајот.

Во првото полувреме беа забележани многу шанси, но ниту една екипа не успеа да ја погоди противничката мрежа.

Првиот гол беше постигнат дури во 81. минута преку Раул Хименез за 1-0 на Вулверхемптон, но Њукасл стигна до израмнување од слободен удар преку Марфи, откако претходно голманот Руи Патрисио не го намести идеално „живиот ѕид“.