Вулверхемптон и официјално го испрати Шефилд во Чемпионшип! (ВИДЕО)

Вулверхемптон со еден гол на Вилијан Жозе го победи фенерџијата Шефилд јунајтед и со тоа официјално го испрати најслабиот тим сезонава во Премиерлигата во понискиот ранг Чемпионшип.

Шефилд кој по 32 кола има едвај 14 бода, сега остана на минус 19 од сигурната зона и местото кое го има Барнли со 33 бода и меч помалку, но без оглед на резултатот на Барнли, разликата за спас веќе е недостижна, од причина што во последните шест кола Шефилд теоретски може да освои максимални 18 бода, ако победат на сите преостанати мечеви.

За Вулфс ова беше 11-от сезонски триумф со кој стигнаа до 41 бод и остануваат закотвени на 12-то место со веќе сигурен опстанок, зашто се на плус 15 од најблискиот ривал во црвената зона Фулам, кој има 26.