Во моментов е најдобар стрелец во Премиерлига, но нема да игра на ЕП!?

„Дејли Мејл“ пишува дека напаѓачот на Лестер сити, Џејми Варди најверојатно нема да добие повик во репрезентацијата за настап на Европското првенство (ЕП) и покрај тоа што во моментов е најдобар стрелец во англиската Премиерлига.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт наводно планира во репрезентацијата да ги повика Тами Абрахам, Маркус Рашфорд, Дени Ингс и Калум Вилсон.

Саутгејт планира да гради тим за иднината, па поради тоа не размислува за 33-годишниот Варди.