Во Малме си ја кубат косата: Го имале Барди на тацна, а го одбиле како неталентиран!?

Најдобриот македонски фудбалер во странство за минатата година, Енис Барди блесна во својата дебитантска сезона во најсилната лига на светот, шпанската Ла Лига во која постигна девет гола сезонава, од кои пет од слободен удар и се запиша во историјата како најдобар дебитант на Пиринеите кога станува збор за погодоци од прекини.

Македонскиот бомбардер се врати во првиот состав на извонреден начин со пет гола во послендите четири меча во завршницата од сезоната, уште повеќе воодушевувајќи ја светската јавност со леснотијата на постигнување голови од прекини, по што големите Интер и ПСЖ загризаа за него.

И додека во Валенсија го слават, а меидумите почнуваат да шпекулираат за неговата иднина, во Шведска кубат коса затоа што го имаа Барди на тацна и воопшто не сакаа да го видат неговиот талент.

„Драго ми е што шведските клубови го игнорираа“, вели Агим Сопи, човекот што го однесе Барди уште како младинец во Скандинавија за шведскиот весник „Експресен“.

Пред повеќе од една деценија Сопи, тренер на Ландскрона го однел Барди во Шведска и тогаш како тренер на Розенгард, работел посебно со него. Сметал дека Барди заслужува да биде на големата шведска сцена и го понудил на еден од најголемите клубови, Малме. Но, екипата, која летоска ја елиминира Вардар во квалификациите за ЛШ воопшто не ни сакале да го тестираат младиот макеоднски фудбалер.

„Тие воопшто не сакаа да го тестираат Барди. И ден денеска не добив одговор зошто? Кога се случи тоа, си теков: Што е ова? Какви се трошоците за да тестирате еден талент и да го видите на дело? Но, можеби тоа беше судбина“, вели Сопи.

Барди потоа бил дел од младинскиот тим на Брондби, кој не можел да се одлучи дали сака да го задржи или не, па заиграл за Преспа Бирлик. Сопи го нудел и на Ландскрона, Мјалби, Халсинборг, но одговори или немало или дошле подоцна, откако Ујпешт силно се заинтересирал и го ангажирал. А, во Унгарија - Барди блесна. Со Македонија стигна до Евро 2017 во Полска, а потоа дојде и трансферот за 1,5 милиони евра во Леванте, каде сега игра деби сезона од соништата.

„Барди мислеше дека е сон штом заврши со Леванте. Му реков протреси ја раката и ќе почувствуваш и ми одговори: Го направив тоа. Сето ова беше толку забавна авантура со него и многу ми е драго што целиот тој вложен труд и напор се исплатеше“, додава Сопи.

За тренерот, одбивањето да се ангажира Барди во Шведска е благослов и судбина.

„Веројатно е судбина, што Малме и останатите го игнорираа. Никогаш не знаете што може да се случи, но ова е доказ дека младите никогаш не се откажуваат, само затоа што еден клуб те одбил. Има толку многу клубови. Треба само да верувате во себе и да работите напорно“, додава тој.

Барди во моментов има 25 милиони евра откупна клаузула и сега прашање е што размислуваат во Малме, кои имале шанса за беспари да го земат, а добро да заработат на македонскиот репрезентативец.