Во Барса имаат само една желба - да се ослободат од Де Јонг
Информациите од Каталонија се дека тој се уште чувствува болки во скочниот зглоб поради што избегнува дуели и игра со голем страв. Тоа не им се допаѓа на навивачите кои почнаа да го исвиркуваат и да бараат од него да си замине, но таквиот став на Де Јонг не му се допаѓа ни на тренерот Ханси Флик.
Поради тоа, во Барселона ги разгледуваат сите можности да се ослободат од фудбалерот, макар и да бидат со голема загуба. Подготвени се да го продадат за само 20 милиони евра што ќе значи и ослободување од околу 26 милиони евра во буџетот за плати бидејќи толкав е договорот на Де Јонг.
Претстојната година е последна можност за клубот да заработи нешто од некогашниот голем холандски талент кој поради повредите не го покажа најдоброто од себе.