Влаховиќ ќе го примора „нашиот“ Кулушевски да се пресели кај лутиот ривал на Јуве!

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски, наскоро би можел да го напушти таборот на Јувентус, откако повеќекратниот шампион денеска го официјализира трансферот на Душан Влаховиќ од таборот на Фиорентина.

Со доаѓањето на Србинот, една од офанзивните опции на „бјанконерите“ стана вишок, што е причина за брзата реакција на управата на Милан, која најави дека ќе стори сѐ за да го доведе Швеѓанецот во своите редови. Кулушевски веќе ги договорил личните услови со „росонерите“, па сега останува двата клуба да најдат заеднички јазик.

Јуве е подготвен да го пушти на позајмица во Милано, но истовремено притиска за задолжителен откуп, додека Милан сака само опција за откуп ако Кулушевски се докаже. Се споменува сума од околу 25 милиони евра за евентуален трансфер.