Влаховиќ е на пат кон Премиер лигата!?

„Газета дело Спорт“ пишува дека Душан Влаховиќ во наредната сезона би можел да продолжи да игра со црно-бел дрес, но за Њукасл.

Александер Исак инсистира на заминување од Њукасл, не сака ниту да слушне пак да игра за овој клуб. Тој сака трансфер во Ливерпул.

Њукасл е во потрага по негова замена, го сакаа Бенјамин Шешко, но Манчестер јунајтед го доби неговиот потпис.

Според италијанските медиуми, Душан Влаховиќ би можел да биде новата цел на Њукасл.

Јувентус очајно сака да најде купувач за Србинот, па можеби оваа ситуација во која е Њукасл ќе им помогне да го направат тоа.