
Леао јавно кажа кој напаѓач сака да му го донесат во Милан!
Португалскиот фудбалер добиваше пораки од поддржувачи за време на сесија во живо на Твич, Леао играше игри во живо оваа недела.
Едно од прашањата беше дали ќе го викне Моизе Кин заедно со него на следниот стрим, а Леао со одговорот отиде чекор подалеку.
„Би сакал... Би сакал да дојде и во Милан исто така! Го сакам Моизе, тој ми е брат и заедно би било лудо! Ќе ги згазиме сите“, рече Леао.
Шансите за Милан да му го донесе Кин на Леао се мали особено поради фактот што откупната клаузула во договорот со Фиорентина на напаѓачот му изнеасува 52 милиони евра.
Тој е во преговори и за нов договор со кој таа откупна клаузула ќе се зголеми или ќе се тргне за следната сезона.
Милан има потребна од напаѓач, но во моментов преговара со Манчестер јунајтед за Расмус Хојлунд.
Останува да се види дали овие зборови на Леао може да го потикнат раководството да му го донесе Кин на Сан Сиро.