Манчестер Јунајтед има нова цел - за младата ѕвезда на Барса нуди 80 милиони евра

Новата сезона во Премиер лигата почнува денеска, но Манчестер Јунајтед очигледно се уште не го комплетирал својот состав.

Шпански медиуми објавија дека еден од најтрофејните клубови во Англија се обидува во своите редови да го донесе фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез и за него е подготвен да плати висока отштета. Конкретно, 80 милиони евра кои треба да ја убедат управата на каталонскиот клуб да го продаде својот фудбалер.

Фермин е производ на школата на Барселона и има договор со 2029 година, но многумина го гледаат како следен фудбалер кој ќе биде продаден за да се средат финансиските проблеми на „каталонците“. Неодамна за него имаше богата понуда и од Саудиска Арабија, но тој не ни помисли да ја прифати.

Ако остане, шпанскиот фудбалер може да биде еден од клучните играчи на Барса претстојната сезона што покажа и во неодамнешниот „Гампер трофеј“ кога постигна два гола во победата против Комо.