
Француската сензација зеде уште еден голем скап
Атман, кој е 136. на АТП листата, со тоа дојде до седмата победа во низа, а освои уште еден голем скалп имајќи предвид дека во осминафиналето го елиминира и Тејлор Фриц. Патот во Синсинати го почна во квалификациите, таму ги победи сите три меча без загубен сет, а на патот до полуфиналето ги елиминира Коболи, Фонсека, Фриц и Руне.
Следен предизвик за него ќе биде првиот светски рекет Јаник Синер со кого ќе се сретне утре вечер. Втората полуфинална двојка ќе биде позната доцна вечерва, откако ќе завршат дуелите меѓу Алкараз и Рубљев, односно Шелтон и Зверев.
За досегашните успеси, Атман веќе освои 413 бода и забележа скок од 67 позиции на АТП листата и од понеделник ќе биде најмалку на 69. место.