Мициќ му создава грижи на српскиот селектор

Ноиот играч на Хапоел Тел Авив, Василије Мициќ би можел да го пропушти претстојното Европско првенство поради повреда.

Тоа го објави селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ пред патувањето во Минхен каде „орлите“ ќе учествуваат на турнир заедно со домаќинот Германија, потоа Чешка и Турција.

„Се обидуваме да го вратиме Васо, но тоа не иде според планот кој го предвидовме. Васо се обидува, нешто се труди, но и натаму има болки. Морам да кажам најискрено, најмногу ме загрижува тоа дали ќе можеме да сметаме на Мициќ на Европското првенство“, рече Пешиќ.

Во Минхен нема да настапат ниту Смаилагиќ и Трифуновиќ, а потоа за Србија следува уште генералната проба против Словенија, на 21 август во Белград.